Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеик од Катар сака да гради хотели во Охрид

Шеик од Катар сака да гради хотели во Охрид

Kaтарскиот шеик Јасим Бин Хамад Ал Тани деновиве престојувал во Охридско каде разгледувал повеќе слободни локации за изградба на хотели.

Тој се сретнал со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски при што му се презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството. На средбата присуствувале и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посетил неколку од предложените локации и најавил дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање. 

Слично

Поврзани вести