Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеик од Арабија ќе претстојува цела недела, посебен сообраќаен режим во Скопје

Шеик од Арабија ќе претстојува цела недела, посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота, најавува МВР, поради доиаѓањето на Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Саудиска Арабија.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од 09 до 13.01.2024 (од вторник до сабота), поради официјална посета на делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот“, објави МВР.

Посебниот режим ќе го спроведува единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.


Слично

Поврзани вести