Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шехтански: Доделувањето на државјанство на Христијан Пендиков е за привлекување на внимание

Шехтански:  Доделувањето на државјанство на Христијан Пендиков е за привлекување на внимание

Проблемот со Бугарија не е наивен, вели Ванчо Шехтански од ТМРО за студио 10 на тв 24. 

Вели дека доделувањето на бугарско државјанство на Христијан Пендиков е за привлекување на внимание. Потенцираше дека со затворањето на Преспанскиот договор сме отвориле ново прашање со Бугарија.

„Македонската држава се грижи за македонскиот народ во соседните држави и со бришењето на членот 49 во 1995 се бришат Македонците. Тоа е проблемот што се прават спинови. Временста спогодба со Грција е по 1997 што ја потпиша Крсте Црвенковски. Проблемот со македонскиот устав е од 1971 и Македонија не е конституирана како матична држава на македонскиот народ. Сега секој може да бара да влезе во Уставот“, рече Шехтански. 

Тој вели дека Македонија треба да бара реципроцитет со соседните земји. 

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска свечено му додели државјанство на Пендиков, а тој изјави дека ќе студира меѓународни односи и човекови права за да им помогне на Бугарите во Македонија. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести