Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на Ортопедија, д-р. Камнар за Фактор: Се повлекувам од позицијата, на мое место ќе дојде друг сериозен колега

Шефот на Ортопедија, д-р. Камнар за Фактор: Се повлекувам од позицијата, на мое место ќе дојде друг сериозен колега

Досегашниот шеф на Клиниката за ортопедија, д-р. Виктор Камнар, во изјава за фактор потврди дека утринава, по цели три години, понел оставка од позицијата. Вели дека тоа го направил од лични причини.

-Се повлекувам од позицијата, а на мое место ќе дојде друг сериозен колега кој ќе раководи со Клиниката за ортопедија. За овие три години сметам дека направивме многу. Ги реновиравме хируршките сали, ја унапредивме ортопедијатѕа во повеќе насоки, но сега се повлекувам, од позицијата раководител. Секако и понатаму останувам во оваа Клиника, изјави д-р. Камнар за Фактор.

И покрај тоа што рече дека ќе го наследи негов колега, д-р. Камнар не открива кој ќе ја преземе позицијата шеф на Клиниката за ортопедија.

А.Б.

Слично

Поврзани вести