Шефот на ОБСЕ доаѓа во Скопје - загрижен е за недоделувањето на мандатот
Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, денеска изрази загриженост поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада.
Вели дека е загрижен за она што се случува во Скопје. Според него, владеењето на правото мора да надвладее.
„Следната недела ќе го посетам Скопје и ќе имам средби со претставници на власта, лидери на политичките партии и со претставници на граѓанското општество. Резултатите од декемвриските избори се цврста основа за формирање влада што ќе ги застапува интересите на сите граѓани“- напиша Заниер на „Твитер“.

Слично
