Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕФОТ НА ЕПП: „Прозорец на можности“ за решавање на спорот околу името на Македонија

ШЕФОТ НА ЕПП: „Прозорец на можности“ за решавање на спорот околу името на Македонија

Последна шанса за решавање на спорот со името, гледа лидерот на Европската народна партија (ЕПП) 

Жозев Дол во изјава за порталот Еурактив вели дека се надева на конкретни резултати од преговорите а неговите ставови не се на линија со оние на сестринската Нова демократија.

„Се надевам дека ќе се најде взаемно прифатливо решение и го поздравуваме отворањето на оваа можност која може да доведе до конкретни резултати“, рекол Жозеф Дол за Еурактив. 

Лидерите на двете балкански земји постигнаа понатамошен напредок на состанокот во Давос во средата, градење на зближување кое започна кога социјалдемократот Зоран Заев ја презеде власта во Македонија минатата година и ги замени конзервативните националистички претходници, забележува уште Еуроактив во текстот.

Еурактив посочува дека изјавата на Дол не е на линија со ставот на Кирјакос Мицатокис, лидерот на конзервативната Нова демократија, која е дел од групацијата на Европските народни партии. 

Мицотакис смета дека спорот за името треба да се остави за решавање за некој друг период, со подобра подготовка и без „тајна агенда“, каква што спроведува актуелната левичарска влада на Сириза. Ципрас најави консултации со опозицијата во земјата претстојниов викенд.

Слично

Поврзани вести