Шефот на државата Пендаровски утре точно напладне ќе му го довери мандатот на Заев
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре - 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме", којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопштија од кабинетот на претседателот.
Слично
