Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ОСТРО: Не обвинуваат дека не го почитуваме договорот, а додаваат барања што излегуваат од здавиот разум

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ОСТРО: Не обвинуваат дека не го почитуваме договорот, а додаваат барања што излегуваат од здавиот разум

„Вчерашната вест од Брисел сите ја примивме со големо разочарување. За жал, точката за отпочнување на преговорите на Северна Македонја со ЕУ од страна на германското претседателство беше помината само информативно и не беше донесена никаква одлука“, ова меѓу другото го вели претседателот Стево Пендаровски, во интервју за австриската телевизија ORF.
Тој во интервјуто зборувал за ветото од Бугарија, за нашите ЕУ перспективи, за паралелата помеѓу Преспанскиот и Договорот за добрососедство и пријателство.

„Кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина. Сега, истата политичка структура којашто стои зад потпишувањето на Договорот, излегува од неговите рамки и оди во спротивна насока од основните Европски принципи и вредности“, се вели во интервјуто.

Претседателот оценува дека бугарските барања освен што излегуваат од здравиот разум и се спротивни на демократските вредности, воопшто не се содржани во Договорот.

„Истиот човек, истата политичка структура во Софија која го потпиша Договорот за добрососедство и која велеше дека тоа е добар договор и од нивен аспект, сега практично со последната серија политички барања кон нас директно излегува од параметрите на тој Договор и одат спротивно на базичните европски вредности и принципи“, вели Пендаровски.

Додава дека никаде во Договорот од 2017 нема ниту една единствена група а не член, не пасус, а не преамбула или каков било дел кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на тие разговори за етничкото потекло на нас Македонците. 

„Нема ниту една единствена буква, дел, артикл, член, што било, кој вели дека ние мораме да преговараме со бугарската страна за тоа дали јазикот на кој сега јас зборувам со вас е македонски или не е“, вели Пендаровски.

Претседателот ги споменува и бугарските барања граѓаните кои се чувствуваат како Бугари во Северна Македонија да можат слободно да се декларираат како такви, и истите ги оценува како легитимни. Меѓутоа, вели, од друга страна Бугарија го одрекува нашето право тоа да го бараме од неа за граѓаните кои се чувствуваат како Македонци на бугарска територија.

„Вие не може да обвинувате дека не го почитуваме Договорот, а во исто време да додавате барања кои, освен што излегуваат од здравиот разум и одат наспроти базичните демократски вредности, просто не се содржани во Договорот. Значи, едно е ако некој не го имплементира Договорот, и јас велам дека во тој дел квалификацијата би била дека во некој аспект имаме успорување на тој Договор, посебно во дело на комисијата за историчари, и се разбира тоа е и наш интерес да го динамизираме. Меѓутоа, не може да зборувате за неисполнување на одредби од Договорот ако зборувате и го оспорувате моето право на етничка и национална самоидеинтификација бидејќи такво нешто не е содржано во Договорот. Не може да не се исполнува нешто што воопшто не е потпишано во 2017“, објаснува шефот на државата.

Слично

Поврзани вести