Шефот на „Алфите“ во Стејт Департментот
Началникот на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА, Примислав Димовски, е во посета на САД, а при тоа објави фотографии од негово присуство во Стејт Департментот, односно секретаријатот за надворешни работи.
- Во САД сум службено, а при тоа го разгледав и Стејт Департментот - ни одговори првиот човек на „Алфите“.
Димовски е назначен за началник на оваа единица од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по разрешувањето на Ивица Антевски - Пуки.
Слично
