Шефицата на хрватската дипломатија Марија Пејчиновиќ Буриќ во Македонија
По покана од страна на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денес во официјална посета на Република Македонија ќе престојува хрватската Вицепремиерка и министерка за надворешни работи и европски прашања Марија Пејчиновиќ Буриќ.
По средбата со министерот Димитров, се очекува Буриќ да се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери како и со премиерот Зоран Заев. Од МНР е најавено дека следат разговори во составот на делегациите на двете земји.
На средбата се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на економската соработка. Исто така, ќе бидат разгледани можностите и чекорите за натамошен напредок на регионалната соработка во контекст на европската интеграција, наведуваат од МНР.
