Шеф сите вработени ги праќа на одмор на Канарските острови
Шеф на хрватска фирма одлучи сите вработени да ги прати на одмор на Канарските острови.
Ваква одлука донел затоа што жештините во Загреб се неподносливи, а летните месеци не се многу продуктивни.
Сандро Мур , основач на фирмата Белабеат вели дека на Фејсбук гледал како работодавачи се шетаат и се фотографираат на луксузни дестинации.
„Одлучивме целиот тим да го преселиме на Канарските острови. Закупивме луксузни вили со базени, а секој член на Канарските острови може да помине време колку што сака. Работното време е флексибилно и секој може да одлучи, кога и колку ќе работи“- објаснува тој.
Белабеат е фирма која создава паметни уреди кои на жените им помагаат да го следат квалитетот на живот и здравјето во различни животни фази.
Во мај 2015 година го лансираа уредот паметен накит за жени кој е прогласен за еден од најдобрите додатоци за минатата година.
