ШЕЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ: Колку пациенти се во критична состојба?
На болничко лекување остануваат 57 пациенти повредени во пожарот во Кочани кој се случи на 16 март. Двајца се во критична состојба.
Една од потешко повредените кои се вратени во Македонија веќе може и сама да се движи.
„Утре се планира мал хируршки зафат за третирање на раните на кои сѐ уште им треба доста нега. Ги очекуваме сите други параметри, бидејќи беше малку покритична и некои компликации настанале за време на лекувањето, но рековме дека е стабилна и се движи. Кога ќе бидат сите анализи во ред би ја пуштиле на домашно лекување“, изјави д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Во Македонија денеска ќе се врати уште еден од повредените кој беше испратен за лекување во Унгарија. Во странски центри остануваат уште 47 пациенти. Во пожарот на лице место загинаа 59 млади луѓе, а потоа починаа уште двајца кои беа испратени на лекување во странство.
