Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕЕСЕТГОДИШЕН ВОЗАЧ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, му се слошило и изгубил контрола над возилото

ШЕЕСЕТГОДИШЕН ВОЗАЧ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, му се слошило и изгубил контрола над возилото

Шеесет годишен возач од село Теарце, Тетовско починал при управување на своето возило. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска во раните утрински часови, Т.Д. патувал со своето „Даеву“ и излетал од патот. 

Доктор при Итната медицинска помош можел само да констатира смрт, а неговата сопруга изјавила дека пред несреќата на тетовчанецот му се слошило и изгубил контрола над возилот. 

- Денеска (13.02.2023) во 05.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(60) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата на Т.Д. му се слошило, по што изгубил контрола над возилото. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово - се потенцира во извештајот на МВР.

Слично

Поврзани вести