Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕЕСЕТТА ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

ШЕЕСЕТТА ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Aлександар Карадаковски е шеесеттата жртва на пожарот во Кочани, кој се случи на 16-ти март. 

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Карадаковски кој се лекуваше во Литванија.

Како што кажа министерот за здравство, Арбен Таравари, тој е испратен на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил примен во Градската болница во Скопје. На 16 март во Кочани во пожарот во дискотеката загинаа 59 луѓе. 

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот Александар Карадакоски и со надлежните институции во Литванија.

Слично

Поврзани вести