Шеесет и три јавори се засадени во Кочани во чест на загинатите во „Пулс“
Шеесет и три јавори вчера се засадени во Кочани во чест на 63-те жртви кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16-ти март годинава.
„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање. Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење. Тоа е симбол на живот, надеж и сила — порака дека нашите деца никогаш нема да бидат заборавени“, рече мајка на едно од загинатите деца во пожарот.
Дрвјата се засадени на 11 декември, Меѓународниот ден на планините.
фото Фејсбук
Слично
