Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеесет и петгодишен управител на образовен центар во Штип е приведен затоа што допирал малолетнички

Шеесет и петгодишен управител на образовен центар во Штип е приведен затоа што допирал малолетнички

Шеесет и петгодишен управител на образовен центар во Штип вчеравечер е приведен поради сомнение дека подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички за време на одржување на дополнителна настава.

„Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип“, информираа од полицијата. 

Во домот на 65-годишниот А.Ш. и во образовниот центар, по претходна судска наредба, извршени се претреси и одземени се предмети за понатамошна постапка.

Од полицијата информираат дека судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор на осомничениот, а дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Слично

Поврзани вести