Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шатори за погодените од земјотресот во Охрид, стравот на високо ниво

Шатори за погодените од земјотресот во Охрид, стравот на високо ниво

Извидничкиот центар од Охрид им понуди на граѓаните кои се погодени од серијата на посилни земјотреси престој во шаторите доколку нивните домови имаат поголеми оштетување и се плашат да преноќат додека не се утврдат штетите како и стабилноста на објектите.

- Извиднички центар Охрид ги отвара вратите за сите оние кои имаат потреба од преноќувалиште поради денешниот земјотрес. Сместувањето е во шатори со обезбедени подметачи и вреќи за спиење. За повеќе информации обратете се на 071 296 512 -Виктор Петрушевски, посочија „извидниците“.

После ударот од 5 степени, се случија уште најмалку десет потреси кои се движеа со магнитуди од 3,6; 2,6; 2,7 степени по Рихтеровата скала. Затоа граѓаните на Охрид како и туристите се исплашени и очекуваат нови потреси.

Од пријавите на граѓаните до сега се регистрирани одредени пукнатини на ѕидови од куќи, изронувања на малтер, срушени оџаци, но штетите допрва ќе се утврдуваат. Од институтот се испратени 3 екипи кои ќе вршат увид на земјиштето и објектите во Охрид.

Директорот на ИЗИС Михаил Гаревски тврди дека ваква магнитуда од 5 степени не може да предизвика катастрофални последици. Охридско-корчанскиот регион е сеизмолошки активен, а низ годините најсилни потреси биле со магнитуда од 6.7 степени со епицентар во Подгорица. 

Слично

Поврзани вести