Шарл Мишел: Ако кажете „да“ за предлогот, меѓувладина конференција во првите неколку дена
Шарл Мишел, претседателот на Европскиот Совет, при денешната посета во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски потврди дека ќе се сретне во Собранието со координаторите на сите пратенички групи.
- Ако кажете да, првата меѓувладина конференција започнува во следните неколку денови. Преговарачки тимови ќе бидат повикани во Брисел. Македонскиот јазик е ваш јазик и предлогот го почитува тоа. Целото законодавство ќе биде преведено на македонски јазик. Може да сметата дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права. Ако го промените Уставот, на тоа ќе се гледа како на ваша посветеност на вашите стандарди и автоматски ќе ги започнеме преговорите. Тоа е ваш суверен избор, знам колку е вашиот народ посветен на слободните вредности и демократските начела. Оваа можност е премногу важна да се пропушти. Македонци - имате историска можност да кажете „Да“, уверуваше високиот функционер на ЕУ.
Премиеорт Ковачевски истовремено ги осуди вчерашните инциденти на протестот пред Владата и рече дека Владата ништо од никого не крие.
- Сум протестирал за правата на студентите и за правата на професорите, но никогаш не се случило освен еднаш и сега втор пат да протестираат луѓе кои што носат качулки о да гаѓаат полицајци. Да се носат маски на протести е недозволиво за држава кој што го помина 27 април и тоа не смее да се повтори. Вчера се виде дека полицијата се повлече, а овде се разговара за предлог доставен од ЕУ.
Ако нешто ние криеме, еве тука е претседателот на Советот на 27 земји членки на ЕУ да го претстави предлогот пред сите и пред координаторите на пратеничките групи, порача Ковачевски.
