Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шарената револуција не служеше некој да се офајди, тврди Петрит Сарачини

Шарената револуција не служеше некој да се офајди, тврди Петрит Сарачини

Шарената револуција не е завршена, нејзината примарна цел, да се врати демократијата, е остварена, но битката допрва почнува. 

Ова е општиот заклучок од дебатата на „Макфакс“ на која своите размислувања на темата за придобивките од шарената револуција ги соочија Петрит Сарачини, новинар и активист, кој сега работи во одделот за односи со јавност на Министерството за култура, Маја Стевановиќ, професор и драмски автор, активен учесник во борбата на пленумците и измените во Законот за високото образование и автономноста на универзитетите, и граѓанските активисти Љуми Бекири и Ангела Илиевска.

„Владее мислењето дека тие што сега на некој начин се дел од власта тоа го направиле за лична корист и да се офајдат. Ова е неаргументирано критизерство зашто, барем што се однесува до мене, минативе дваесетина години сум заработувал двојно од тоа што заработувам сега“- вели Сарачини.

Според Сарачини, сосема е поинаква борбата на улица и кога таа се спроведува институционално. Смета дека неправедно посочуваат со прст кон активистите кои сега се дел од власта и институциите.

Слично

Поврзани вести