Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАПКА И МАВРОВО ПЛАЧАТ ЗА СКИИ: Сезоната отворена, каде има најмногу снег?

ШАПКА И МАВРОВО ПЛАЧАТ ЗА СКИИ: Сезоната отворена, каде има најмногу снег?

Скијачките сезони дефинитвно може да се отворат. Попова шапка, Шар Планина, Маврово ве повикуваат на скијање.

Пакувајте ги скиите и викендов уживајте во омилениот спорт во Маврово. Таму наврна најмногу снег или 74 цм.

Снежната покривка пак натрупа 26 cm во Крива Паланка, 40 cm во Тетово, 65 cm Пожаране, 52 cm  Лазарополе, 20 cm Охрид, 8 cm  Претор, 21 cm Битола, 14 cm Прилеп,

18 cm Петровец (Скопје),27 cm Ѓуриште,17 cm Штип, 10 cm Виница, 12 cm Струмица и 23 cm во Берово.


На Попова Шапка се направени редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки.

Така да еве идеја што да правите викендов ако немате планирано ништо.

Слично

Поврзани вести