ШАНСА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Отворени работни места во Тинекс и Алкалоид
Се отвораат работни места во Тинкес и Алкалоид. Прочитајте повеќе за условите.
го објавува следното слободно работно место:
1. ОЕ Корпоративни служби – Информатичка технологија и телекомуникации1.1. Систем-администратор – 1 (еден)
Потребни квалификации и вештини• ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или сличен домашен или странски факултет за информатика).
• Работно искуство од минимум 2 години со Microsoft-инфраструктура, поддршка на корисници и со проекти за имплементација и за надградба на комплексна инфраструктура.
• Предност е работно искуство во средна или во голема компанија, особено во ИТ-компанија, на позиција систем-администратор.
• Искуство во тимска работа, работа со рокови и во поддршка на корисници.
• Напредно познавање интернет-сервиси и Windows office.
• Обуки и предзнаења за Microsoft-/Windows-инфраструктура, поддршка на процесна опрема од ИТ-аспект и за поддршка на корисници.
• Пожелно е поседување сертификати за MCITP, MCP, MCSA, MCSE и др. соодветни сертификати.
• Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
• Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија.
Цел и одговорност на работното место• Управување, поддршка, надградба и одржување на процесна информатичка опрема базирана на Microsoft-платформа и на VMWare-виртуелизација.
• Системска поддршка на решенија за управување со опрема и со инструменти.
• Континуирана грижа за инфраструктурата, решавање проблеми и извршување интервенции, поддршка на корисници и на процесна опрема.
• Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси.
• Интерна и екстерна комуникација со претпоставен, колеги од ИТ-одделот, внатрешни корисници и со надворешни соработници.
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.565,00 МКД до 41.310,00 МКД, во зависност од работното искуство, стручните обуки, предзнаењата и од сертификатите на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:
career@alkaloid.com.mk
со назнака: „За оглас – Систем-администратор“.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

Слично
