Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шанса за Центар: Приватна иницијатива за градење кај Барутана на Водно

Шанса за Центар: Приватна иницијатива за градење кај Барутана на Водно

„Шанса за Центар“ денес реагира дека ново ерозивно подрачје над Скопје е на дневен ред на советот на Општина Центар.

Нацрт Деталниот урбанистички план за местото викано Барутана може да создаде ново ерозивно подрачје над градот е на дневен ред на советот, реагираат од здружението.

Просторот на Водно кој се нарекува Барутана, почнува од полицијата каде почнуваат и планинарските патеки. Според активистите, се предлага на овој стрмен планински терен да се градат уште десетици крупни градби и со тоа само се отвораат нови опасности.

„Планот е приватна иницијатива од приватна фирма која има имот во рамки на ДУП-от и на чие земјиште претходно биле планира градби за државни институции кои сега , „сосема случајно“, се менуваат во приватно домување...

Точката требаше да се разгледува на седницата на советот во вторник, но седницата беше прекината и ќе продолжи во следниот период.

Новите планови треба да ја подобруваат состојбата и да ги решавават грешките од претходните штетни дупови кои го претворија градот во бетонска џунгла, а не да ги повторуваат и да ги зголемуваат“, гласи соопштението на „Шанса за Центар“.


Слично

Поврзани вести