ШАНСА ЗА ЦЕНТАР ИМА ТРОЈЦА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНАТА: Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме
И покрај сите препреки, недостаток на инфраструктура и можности за присуство на медиумите, сепак сме со 3 советника, напиша Јана Белчева на Фејсбук од Шанса за Центар, кои во советот на Општина Центар влегуваат со три советнички места.
Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме!
Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму.
Шанса за Центар прерасна во платформа која ќе се развива и станува посилна бидејќи ние сме обединети околу вредности, а не околу интереси, порачаа по објавувањето на резултатите.
ФОТО: Фејсбук
Слично
