Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Ич да не се секирате за мнозинство во Советот, Левица е тука да помогне со своите три гласа кон девет на СДСМ

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Ич да не се секирате за мнозинство во Советот, Левица е тука да помогне со своите три гласа кон девет на СДСМ

Од Шанса за Центар информират дека стратегиска оценка за влијание врз животна средина нема да се изработува за деталните урбанистички планови на Центар, соопштија 

Советот на Центар денеска го одби амандманот на Шанса за Центар да се одземат средства од програмата за спорт и да се пренаменат за изработка за оценки за животна средина.

За ова гласале советниците од СДСМ, на кои им се придружиле и оние од Левица.

„Ич да не се секирате за мнозинство во Совет на Центар, Левица е секогаш тука да помогне со своите 3 гласа кон 9 на СДСМ. Темите ги отворивме, иако немаше ниту разбирање ниту политичка волја. Барем маските паднаа“, пишуваат од Шанса за Центар на својата Фејсбук страница, кои за денешното гласање велат дека претставува новоформирано мнозинство.


„Стратегиска оценка за влијание врз животна средина нема да се изработува за ДУП-овите во Центар. Советот на Центар денеска со новоформирано мнозинство го одби амандманот на Шанса за Центар да се одземат средства од програмата за спорт и да се пренаменат за изработка за оценки за животна средина. Дури и за оние места каде е очигледно влијанието, погубно за сите жители, од упадот на Водно, топлотните острови и губењето зеленило во Мал Ринг, до градењето покрај Вардар итн... сепак не се согледува потреба да се превенира и проценува пред да се донесува план.

Политичката волја за промени во Центар ја нема, а Шанса за Центар се смета за НЕПРИЈАТЕЛ што воопшто предлага амандмани за промени“, пишуваат на нивната фејсбук страница..


Слично

Поврзани вести