Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шанса за Центар: „Бесплатен оброк“ за децата со по 1.000 денари на сметка на родителите?

Шанса за Центар: „Бесплатен оброк“ за децата со по 1.000 денари на сметка на родителите?

Граѓанската организација „Шанса за Центар“ реагира дека со по 1.000 денари на сметка на родителите, Центар и градоначалникот Герасимовски глумат дека обезбедуваат бесплатен одброк за децата во основните училишта.
„Со по 1.000 денари на сметка на родителите, Центар и Герасимовски ќе глумат дека обезбедуваат „бесплатен оброк“ за децата во основните училишта за чија исхрана родителите инаку плаќаат по околу 2.500 денари месечно.

Во недостиг на издржани јавни политики и немајќи слух за потребите на граѓаните зачудувачки е на какви мерки се одлучува раководството на општината да финансира со јавни пари.

Со ребалансот на Буџетот на Центар се предлага парите кои се предвидени за „бесплатен оброк“ за децата, околу 15 милиони денари за 2026-та, наместо да им се префрлаат на основните училишта, да им се исплаќаат по 1000 денари на сметките на родителите на име „надомест за оброк“.

На тој начин општината само делумно ќе го „субвенционира“ оброкот за децата во училиштата до околу 30% наместо како што е ветено и планирано во буџетот тоа да биде целосно. На таков начин општината ќе потроши само дел од парите кои советот од претходно ги одобри за целосно субвенционирање на оброците во основните училишта.

Дали е ова дофинансирање на оброците и ако е така зошто не оди преку училиштата или едноставно е поткуп?

Како од „бесплатен оброк за секое дете во основните училишта“ се дојде до 1.000 денари на сметка на родителите?“, пишуваат од „Шанса за Центар“


Слично

Поврзани вести