Шанса за амнестија ќе имаат осудените до септември годинава
По завршувањето на рокот предвиден за јавна расправа и подготовки предлог законот за амнестија на осудени лица ќе се најде во редовна собраниска процедура. Владата веќе го прифатила предлог законот со сите досега утврдени одредби, со тоа што следен чекор е Министерството за правда да изработи финален текс за Предлог законот за амнестија и во редовна процедура потоа да го достави во Собранието. Секако, штом законот влезе во собраниска процедура ќе има нова можност за дебата преку комисиите, па на пленарна седница.
Според вчерашната одлука на Владата на РМ, министерството е задолжено и да предвиди одредба со која ќе биде
дефиниран датумот, дека Предлог законот за амнестија се однесува за кривични
дела предвидени со одредбите од овој предлог – закон сторени до 20.9.2017
година.
„Владата ја истакна потребата од организирање на јавна расправа и отворена дебата на оваа тема и го задолжи Министерството за правда истите да ги организира по текстот на одредбите од Предлог – законот, и пред владата да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог – законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и отворени дебати“.
Досега повеќе здруженија на семејствата и пријателите на осудените лица, како и на лица кои веќе ги издржале затворските казни побараа закон за амнестија бидејќи тврдат дека претходната власт предводена од Груевски вршеше тешки притисоци врз судството, голем број на невини лица се трупаа во затворите, беа нарушувани основните човекови права, се правеа спектакуларни акции пред очите на јавноста за наводна борба против корупција, а многу од обвинетите завршија со тешки последици.
Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците повеќе од две години излегуваше и на протести пред Собранието, а ова движење се повеќе се зголемуваше, но ретко кој би претпоставил дека ќе добие така силна политичка поддршка.
Змиско око, Шпион, и Ликвидација, се дел од случаите за кои јавноста најмногу беше загрижена дека се прекршени основните човекови права за фер судење, но такви примери има многу повеќе. Тука се и Љубе Бошковски и Велија Рамковски кои добија многу строги затворски казни за делата кои се осудени.
Голем дел од обвнитетите и осудени лица бараат можност и во една обновена постапка да можат да ја докажат својата невисност и својата страна од случајот.
Х.С.