Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шаленберг уште еден висок гостин кој доаѓа во посета на земјава

Шаленберг уште еден висок гостин кој доаѓа во посета на земјава

Александер Шаленберг е уште еден во низата високи дипломати кој деновиве ја посетуваат Македонија.

 Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија доаѓа денес а според агендата ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Најавена е заедничка прес конференција на двајцата функционери, а Шаленберг ќе има средба и со шефот на државата Пендаровски.

Перспективата на Македонија ќе биде главна тема на средбите но и билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија.

Слично

Поврзани вести