Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахта експлодира во центарот на Скопје, жена со изгореници заврши во болница

Шахта експлодира во центарот на Скопје, жена со изгореници заврши во болница

Поради експлозија на шахта на булеварот Крсте Мисирков, кој претежно се протега низ Бит Пазар, жена завршила со изгореници во клиничкиот центар, соопшти МВР.

„На 17.07.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со изгореници била донесена М.П.(58) од Скопје, која се здобила со повреди околу 19.15 часот“, информира полицијата.

Според пријавеното, додека поминувала покрај шахта со подземни кабли на ЕВН на тротоарот на бул.„Крсте Мисирков“, во шахтата настанала експлозија, при што се здобила со повредите. 

„По извршениот увид од полициски службеници, било констатирано дека експлозијата настанала како последица од нелегално приклучување на електричната мрежа на ЕВН“, констатира МВР во билтенот.


Слично

Поврзани вести