Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАХПАСКА: Тие што годинава ќе наполнат 64 години, а веќе побарале одложување, нема да заминат во пензија

ШАХПАСКА: Тие што годинава ќе наполнат 64 години, а веќе побарале одложување, нема да заминат во пензија

До крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица, покажале анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика. Но, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе побарале продолжување на работниот однос, вели министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска.

Таа појасни дека во Собранието пратеници на СДСМ во координација со МТСП поднеле измени на Законот за работни односи со кои се предвидува прекинување на договорите за работа со 64 години возраст и 15 години пензиски стаж,  доколку во друг закон не е поинаку регулирано.

„Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на 2020 година е околу 6.000 вработени кои ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години, а кој се однесува на следната календарска 2021 година“, рече Шахпаска.

Таа уште кажа дека состојбата во градинките е стабилна и дека вирусот не се шири меѓу децата. Според податоците од Министерството за труд и социјална политика, заклучно со минатиот петок регистрирани се 120 позитивни вработени и 18 дечиња. 

„Состојбата во градинките покажа дека кога доследно се почитуваат протоколите препорачани од Комисијата за заразни болест, ризикот за инфекција од ковид-19 е сведен на минимум. Инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата, туку доаѓа доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број позитивни возрасни вработени во градинките. До минатиот петок беа регистрирани 120 позитивни вработени и 18 дечиња. Кога велам вработени тука се мисли и на негуватели, воспитувачи, готвачи, хигиеничари и останатиот кадар. Од тие 120, 51 лице е воспитувач, 50 се негуватели, а останатите 19 од останатиот кадар во градинките. Бројот на лица коишто беа ставени во изолација секако е многу поголем, некаде над 1.200 деца се во изолација заради тоа што тие имале контакт со позитивен вработен во градинката, односно тие не се позитивни туку се отстранети заради безбедносни причини“, изјави Шахпаска.

Слично

Поврзани вести