Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус

Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус

Владата усвои нов Закон за прекин на бременоста. Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца. Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица - соопшти пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.

Таа вели дека нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име.

„Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон. Прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица.

Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се. Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените“, додаде таа.

Шахпаска убедува дека со новиот закон се гарантира достоинство, приватност, информираност и доверливост на жените.

Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

Слично

Поврзани вести