Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахпаска: Пензиите ќе растат, а најниската пензија ќе дојде до 10.700 денари

Шахпаска: Пензиите ќе растат, а најниската пензија ќе дојде до 10.700 денари

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска најви дека пензиите ќе растат, а тоа е резултат на пензиската реформа.

Според неа, финансиската состојба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е стабилна.

Шахпаска рече дека економијата постепено ќе закрепнува, и со порастот на БДП - за кој постојат сериозни анализи дека ќе биде над 4,1 отсто, па и пензиите ќе продолжат да растат.

„При крајот на годината ние ќе отвориме расправа за усогласување на методологијата за усогласување на пензиите. Ќе се разгледува нов начин како да се подобри пензионерскиот стандард. Кога ја правиме споредбата на просечните пензии кои се исплаќаа во 2017 година, сега тие се зголемени за околу 2.000 денари. Усогласувањето на пензиите ќе продолжи, а она што ние го ветивме дека најниската пензија ќе биде 10.700 денари, ќе го испорачаме“, рече Шахпаска.

Со социјалната реформа на возрасните лица кои не се корисници на пензија и други социјални услуги, обезбеден им е месечен надоместок од 6.000 денари, плус додаток од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, усогласена со порастот на трошоците на живот во претходната година објавени од Државниот завод за статистика. Оваа социјална услуга ја користат 9.446 наши граѓани.

Слично

Поврзани вести