Шахпаска: Од Комисијата побаравме да дозволи поголем број на деца во јаслите
Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, вели дека во петиот економски пакет за справување со последиците од ковид-кризата еднократна парична помош ќе добијат и лицата со попреченост кои досега не биле вклучени во претходните категории.
- Голем дел од нив влегоа во категориите на граѓани од претходните пакети, но сепак лицата со попреченост не биле внесени во досегашнте пакети и ќе бидат внесени во петиот пакет. Мислам дека не се опфатени со голема бројка. Уште се форматира во кои категории на граѓани ќе бидат опфатени, рече Шахпаска.
Министерката рече дека МТСП побарало од Комисијата за заразни болести да дозволи да се зголеми бројката на деца што може да биде опфатена во групите во јаслите.
- Барањето е испратено до Комисијата за заразнио болести, тие се најкопетенти. Се работи за јасли, за деца со возраст од 0 до 2 години, рече Шахпаска.
Воспитните групи може да прифатат во моментов максимум 6 деца според протоколот доведен со одлука на Владата за спречување и ширење на корона-вирусот.
Една група за возраст од 3 до 6 години е максимум 15 деца.
