Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судијата ги казни: Адвокатите на Јанакиески ќе се олеснат за 1000 евра

Судијата ги казни: Адвокатите на Јанакиески ќе се олеснат за 1000 евра

По 1000 евра парични казни добија адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пренесе Макфакс.

Причината за овој потег на судијата Осман Шабани е неприсуство на тројцата адвокати на денешното рочиште за предметот на СЈО „Топлик“.

Еленко Миланов и Сања Алексиќ, и штипскиот адвокат Дончо Наков, се адвокатите кои добија казни а кои не се појавиле на судењето, бидејќи на писмено го известиле Судот дека друго судење ги спречува да бидат на рочиштето за случајот „Топлик“ .

Слично

Поврзани вести