Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шабан Шаулиќ ми беше чичко, родителите во Холандија ме израснаа на балкански начин“ - Деми Шаулиќ, за преселбата од Холандија во Струмица

„Шабан Шаулиќ ми беше чичко, родителите во Холандија ме израснаа на балкански начин“ - Деми Шаулиќ, за преселбата од Холандија во Струмица

„Моето целосно име е Деми Шаулиќ. Да, се пишува како презимето на пејачот, бидејќи тој беше мој чичко“ – ни појаснува на самиот почеток нашата соговорничка. Инспиративна жена која во изминатиот период по животот и детството поминати во Холандија, одлучила да се врати во земјата од каде потекнува нејзината мајка, Македонија.

Во интервју за Женски Магазин Деми зборува повеќе за животот во Холандија, за тоа како изгледало да растеш таму во семејство на Балканци, за нејзината успешна кариера како радио водител, но и за одлуката да дојде да живее тука.

Што е она што ја натерало да продаде сè таму и да дојде на Балканот.

Деми е родена во Холандија. Нејзините родители заминале таму одделно, за да работат и да најдат подобар живот.

„Татко ми е од Србија, а мајка ми е родена во Македонија. Таму се запознале, се вљубиле, а јас и мојот брат ја запечативме нивната љубов. Во изминатите 40 години живеев во Ротердам, а потоа и во Амстердам“ – вели таа.

Како што ни појаснува, уште од мала знаела дека ќе работи во забавната индустрија. Првата желба ѝ била да стане ТВ-водителка, но на крајот почнала да работаи нешто, што вели дека е  многу поинтересно.

„Почнав во радио-станица и се вљубив во радиото. Работев како радио диџеј, продуцент, ТВ-водителка и водителка на настани. Имам направено многу интервјуа со музички артисти како Тиесто, Мартин Гарикс, а најмногу сум горда на интервјуто со „Бекстрит бојс“.

Сега работам во онлајн продажба, соработувам со коучи и тренери, а исто така ги менторирам жените да го создадат својот најдобар живот преку зајакнување на самодовербата. И претпоставувам дека сега сум и креаторка на содржини, бидејќи ги споделувам моите авантури во Македонија онлајн.

Но, најгорда сум на тоа што сум мајка на мојот син. Годинава ќе наполни 19 години и тој е едноставно најдобриот син на светот“ – ни појаснува Деми.

Во продолжение проследете го интервјуто во целост:

Слично

Поврзани вести