Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шабан Салиу повеќе не е директор на ДЗС, еве кој го заменува

Шабан Салиу повеќе не е директор на ДЗС, еве кој го заменува

Шабан Салиу повеќе нема да раководи со Дирекцијата за заштита и спасување. Утрово веќе е донесена одлука на негово место како нов директор на ДСЗ да биде назначен Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Информацијата за „Фокус“ ја потврди Салиу.

Џафероски доаѓа на директорското место во Дирекцијата во момент кога низ земјата беснеат пожари на повеќе локации, а претходниот директор беше критикуван во јавноста за лошото справување.

Во биографијата на Џафероски стои дека роден е во 1969 година во с.Лажани, Општина Долнени. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент.

Салиу со неговата партија беше дел од коалицијата на помали етнички партии заедно со ВМРО-ДПМНЕ


Слично

Поврзани вести