„СФАЌА ЛИ ОВДЕ НЕКОЈ ДЕКА ВЛАДАТА ПРЕЗЕЛА ЧЕКОР ВО ВРСКА СО ЈАЗИКОТ НА СВОЈА РАКА?“ Ванковска без влакна на јазикот
Професорката Билјана Ванковска, револтирано обвинува дека Владата презела чекори во врска со јазикот без да се консултира со собранието и претседателката.
„Сфаќа ли овде некој дека владата презела чекор во врска со јазикот на своја рака, без консултација со парламентот или претседателката. Уште помалку со научната јавност …
Она голобрадо момче што изигрува министер за надворешни работи уште се дрзнува да им дели лекции на професори и академици дека не знаеле Реал-политика. Па за таква “логика” ги имавме Денко и Стево, сега и ова детиште ќе ни дели лекции?!?
Јас само ќе пророкувам како Касандра: ова е последниот чин од предавството! Сега веќе нема никаква разлика меѓу бившите и сегашните - на чело со претсрдстелката која “ништо не знајала” (никој не ја ферма). А божем пишуваше научни трудови со академик Ќулафкова.
Ни дно немаме …“, напиша таа.
Слично
