Сезонските вработувања во Црна гора под рестрикции
Црногорската влада одлучи да го намали бројот на работни дозволи за странците. Од 25 000 дозволи , бројката стигна до 16 500 работници. Со оваа мерка, како што објаснуваат од Владата , треба да се отвори простор за домашната работна сила.
Ресорниот министер за труд и социјална политика на Црна Гора , Суад Науманович изјави дека не очекува дека новата мерка да го загрози пазарот на труд и приватниот сектор во земјата .
„Сметаме дека за многу работи за кои сега се ангажираат странски сезонски работници, можат да се ангажира домашна работна сила“, изјави Нуманович.
Црна Гора важи за „печалбарска“ дестинација на Балканот, особено во градежништвото, но и за време на летната туристичка сезона.
Слично
