Македонската химна гордо ќе ја слушаме во Европа
По бројните реакции на граѓаните и опозицијата во земјава, премиерот Заев уверува дека македонската химна ќе ја слушаме на бројни европски и светски манифестации. Сите граѓани внимателно ќе ја слушаат химната на свечената церемонија на приемот на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави првиот човек на Владата Зоран Заев.
„Химната не се отсвири при дочекот на Ципрас во земјава бидејќи доцнеше авионот “ , рече Заев во интервју за телевизија 1ТВ.
Голем број од официјалните делови од свеченостие биле скратени, за да се искористи повеќе време за битни состаноци и средби. Времето било искористено на квалитетни средби и заклучоци.
Пред само неколку дена при славењето на Националниот ден на Грција, била интонирана и нашата и химната на соседна Грција.
Слично
