Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕВЕРНИОТ ПОЛ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Снегот ги завеа патиштата, викендов поларни температури

СЕВЕРНИОТ ПОЛ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Снегот ги завеа патиштата, викендов поларни температури

Поради снегот кој паѓа во поголем дел на Македонија, сообраќајот денеска се одвива отежнато, а за камиони се затворени неколку патни правци. 

Како што соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија, забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Плетвар, Ѓавато ,Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово - Велес и обратно. 

И покрај тоа што од „Македонија пат“ најавија дека се подготвени за обилни снежни врнежи, сепак жалбите и поплаки кои стигнаа до медиумите од граѓаните покажаа дека не се реагирало на време.

Во зимски услови се одвива и железничкиот и авионскиот сообраќај, а според податоците од скопскиот утрово без проблем се остварени сите планирани летови.

Сообраќајот поради снегот од вчера се одвива по снежни раскашалени коловозии во главниот град, екипи на зимските служби на град Скопје од почетокот на снежните врнежи на булеварите и улиците фрлија 150 тони сол.

Метеоролошката служба пак издаде предупредување дека во петок вечерта и во деновите за викендот се очекуваат поларни температури до минус 20 степени, а владиното координативно тело за спречување на криза повика граѓаните да се подготват за ниски температури.

Слично

Поврзани вести