ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ФАТЕНА ВО МРЕЖАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ“: Османи вели дека земјава потпаѓа под агенди од кои е загрозена стратешката цел на Албанците

„СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ФАТЕНА ВО МРЕЖАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ“: Османи вели дека земјава потпаѓа под агенди од кои е загрозена стратешката цел на Албанците

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, вели дека Македонија потпаднала под агенди кои ја водат државата кон српски свет и дека тоа е алармантно.

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент, каде што 461 европратеник од сите политички спектри заклучуваат дека Северна Македонија е фатена во мрежата на „српскиот свет“, е алармантно.

Ова повеќе не е политички став, туку факт потврден од апсолутното мнозинство претставници на европските граѓани.

Токму она за што предупредуваме со месеци: јасно лизгање кон агенди кои не се совпаѓаат со европските вредности и фундаменталните договори врз кои е изградена нашата мултиетничка држава.

 Ова бара сериозна истрага и итна дебата во Парламентот:

Како државата се најде во оваа мрежа?

Кој ја загрози најважната стратешка цел на Албанците?

Кои се последиците за европската интеграција и внатрешниот соживот?

Во моментов нема поважна тема.

Ова е најнепосредната опасност за иднината на земјата“, вели тој.



ad
Слично

Поврзани вести