Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сеуште нема договор меѓу Грција и кредиторите

Сеуште нема договор меѓу Грција и кредиторите
Грција сеуште нема постигнато договор со меѓународните кредитори за пакетот мерки за штедење, информираа денеска од Европската комисија. Како што изјави Сајмон О Конор, портпаролот на еврокомесарот Оли Рен, бројот на отворени прашања се намалува и уверен е дека договорот наскоро ќе биде постигнат. Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера соопшти дека е постигнат договор со „тројката“ за пакетот мерки за заштеда на 13,5 милијарди евра. Еврозоната денеска ги повика грчките власти да сторат се за брзо да ги завршат преговорите. „Ги повикуваме грчките власти да ги решат несогласувањата и со тоа да ги завршат набјрзо што можат преговорите со тројката“, стои во соопштението од канцеларијата на претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер.  
Слично

Поврзани вести