Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сеуште мистерија како починала докторката-се чека на обдукцијата

Сеуште мистерија како починала докторката-се чека на обдукцијата

Обвинителството ги чека анализите од обдукцијата за да ја дознае вистинската причина за мистериозната смрт на докторката, која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопски Капиштец. 

Обвинителството соопшти дека најдоцна до идната недела ќе ги има резултатите што значи дека мистеријата за  докторката Јелка Масин-Спасовска (53) ќе продолжи и во наредните денови.

Се вештачат трагите и доказите прибрани во домот на Спасовска, како и крвта пронајдена во станот 24, во зградата број 10, на улицата Елисие Поповски – Марко.

Мртвото тело на Јелка Масин-Спасовска го пронашол нејзиниот сопруг, Гоце Спасовски, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија. Во вторникот вечерта, околу 21 часот, кога се вратил дома, ја забележал сопругата како лежи облеана во крв во тоалетот, со расеченици по телото и убодна рана во вратот. Kрај телото имало нож, а таа имала расеченици на вените на левата и десната така, како и на левата вратна вена.

Слично

Поврзани вести