Сервер оптимист: Решение за името и влез во НАТО догодина
Можно е решавање на спорот со името во 2018 и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Ова е мислење на познатиот експерт за Балканот Даниел Сервер
Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.
За евентуалните реакции од Москва кога ќе дојде времето за прием на Македонија во НАТО и изјавата што во тој контекст ја даде премиерот Заев за црногорското радио „Антена 1“, Сервер наведува дека „Русите ќе пробаат се што можат за да ја спречат Македонија да влезе во Алијансата“.
