Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сервер: Корекција на границите би ја дестабилизиралa Македонија

Сервер: Корекција на границите би ја дестабилизиралa Македонија

Aмериканскиот аналитичар Даниел Сервер вели дека „корекција на границите“ или еуфемизмот за „размена на територии“ е лоша идеја. 

За ова тој наведува бројни причини, а пред сѐ, дека тоа би им дало потстрек на заговорниците на самостојноста на Република Српска и на Голема Албанија.

„Размената ќе им даде ветар во грб на оние косовски Албанци кои сакаат да се обединат со Албанија. Тоа би им одело на рака и на Албанците во Македонија, кои исто така би сакале „Голема Албанија“, што би ја дестабилизирало Македонија“- напиша Сервер во текстот за порталот Peacefare.net, а по повод изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека е подготвен да зборува за „корекција на границите“.

Тој понатаму наведува дека една од причините е и Република Српска, која во најголем дел е населена од Срби и зафаќа 49 отсто од територијата на БиХ, која би можела да прогласи независност и да изнесе барање за обединување со Србија, што во тој случај би можело да доведе до реципрочен потег на босанските Хрвати.

Слично

Поврзани вести