Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем - Д-р. Чибишев за отпадот во Орман

Сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем - Д-р. Чибишев за отпадот во Орман

По веста дека во скопското село Орман нелегално бил скалдиран опасен отпад, поточно се проценува дека станува збор за 600-тини тони отпад од преработка на акумулаторски батерии. Отпадот е откриен од инспектор за животна средина од општина Ѓорче Петров, а согласно досегашните информции тој е во непосредна близина на реката Лепенец. 

Медиумите во земјава објавија дека според информации од Инспекторатот за животна средниа станува збор за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад.

Овие инофрмации предизвикаа бројни реакции меѓу граѓаните, но и меѓу експертите. Иако ретко кој сака да зборува во јавност, Доктор Андон Чибишев се јави со остра реакција на веста. 

- Не знам што е ова што ни се случува ?

Попладнево некои медиуми лиферуваа вест дека во околината на населбата Ѓорче Петров инспекторите од Инспекторатот за животна средина откриле дека на несоодветен начин е депониран отпад со шифра 10 04 кој според листата на видови на отпади објавена во Законот за управување со отпадот спаѓа во групата на опасен отпад.

( Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство)

Бидејќи се работи за отпад кој е продукт од преработка на акумулатори кои содржат тешки метали како олово, кадмиум, и жива кои на краток и долг рок можат сериозно да ја загадат животната средина заради загадување на почвата и подземните води. Преку нив можат да стигнат во земјоделските производи кои граѓаните секојдневно ги користат за исхрана.

Инаку, оловото спаѓа во групата на тешки метали и внесен во човечкиот организам има исклучителен афинитет кон еритроцитите и коскената срж и во нив може да се задржи од 45 дена во крвта до 30 години во коскената срж.

Хроничната експозиција на олово и неговите соединенија доведува до тешки пореметување во создавањето на крвни клетки, сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем.

Овие неповолни ефекти на оловото и неговите соединенија особено се опасни кога на нив се изложени деца и млади до 20 годишна возраст.

Ова веќе станува многу сериозно и загрижувачки.

Ги повикувам институциите под итно да утврдат кој ги труе граѓаните и да преземат мерки за обезбедување на загаденото подрачје - напиша Чибишев на својот Фејсбук профил. 


Неговата објава предизвика бројни реакции. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести