Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ОД ЧЛЕНОВИ НА ДУИ: Нема дебата, политичкото одлучување станало индивидуално

СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ОД ЧЛЕНОВИ НА ДУИ: Нема дебата, политичкото одлучување станало индивидуално

Членови на ДУИ во соопштение испратено до јавноста обвинуваат дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, како што велат, станало индивидуално.

Во писмото, потпишано од 20-тина членови меѓу кои и Изет Меџити, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта, Блерим Беџети, а испратено преку меил адресата на општина Чаир, се бара внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикуваат лидерот на партијата Али Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.

Слично

Поврзани вести