Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сериозен предизвик е СДСМ да се исправи, да биде цврста и силна опозиција“: Петровска поднесе канидатура, еве што кажа за предлогот на Деспотовски

„Сериозен предизвик е СДСМ да се исправи, да биде цврста и силна опозиција“: Петровска поднесе канидатура, еве што кажа за предлогот на Деспотовски

Кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз денеска поднесе и доскоро министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Таа кажа дека 24 години е активна во партијата, а во програмата се осврнува на тоа што треба да се итни приоритети на СДСМ по големиот пораз кој го доживеаа на изборите.

- Заедно со пријавата го поденесов и манифестот на СДСМ, во кој е опфатена и мојата програма за партијата. Во неа се наведени итните приоритети за СДСМ по големиот пораз кој што доживеавме на овие избори. Иако и во минатото имало порази и победи, овој пат ситуацијата е специфична, особено поради политичките околности, на ниту една држава не и треба слаба или никаква опозиција. Затоа сериозен предизвик е СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ и да биде цврста и силна опозиција, за да може на таков начин да го трасираме патот на Македонија - посочи Петровска.

Ако биде избрана, таа кажа дека ќе има и итен избор на ново раководство.

- Ако бидам избрана, во овој кус период пред нас, ќе треба да ги консолидираме и редовите внатре во СДСМ, но и итни приоритети кои ќе треба да ги направиме, меѓу кои и ново раководство. Иако доживеавме пораз, уверена сум дека социјалдемократијата и идејата за неа е жива, исто како што е жива и вербата дека СДСМ пак ќе се исправи - нагласи Петровска. 

Таа воедно истакна дека како човек сака дебати, дискусии, и како таков човек смета дека ниедна идеја не смее да остане да „лебди“, оцени дека била потребна подлабинска реформа, со која очекува да ги поврати дел од незадоволните членови на партијата. 

- Можам да кажам дека минатиот период имав разговор и консултации и барав совет, и веројатно чим ја поднесувам кандидатурата има позитивни сигнали. Не би ги злоупотребувала нивните имиња - додаде Петровска.

Таа посочи дека се согласува со барањето на Јован Деспотовски, да се потпише договор дека оние кои не добиле поддршка од партиското членство да си заминат, но напомена дека тоа го дополнила со свои две сугестии, но не добила одговор за тоа. 

Притоа нагласи дека не смета дека оние кои не добиле поддршка треба да заминат, затоа што не се борат за функции, и бидејќи ако нешто научиле од поразите на последните избори, и тие пред нив, е дека на тој начин СДСМ губи членови, се раслојува, и тоа не води кон негово обединување. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести