Економија, финансии, бизнис

Контакт

Серија земјотреси со епицентри од охридското крајбрежје

Серија земјотреси со епицентри од охридското крајбрежје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, објави Сеизмолошка опсерваторија.

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.


Слично

Поврзани вести