Сепак немало ништо сомнително во возилото кај амбасадата
Од Министерството за внатрешни работи денеска потврдија дека синоќа од Американската амбасада во Скопје e пријавено дека имало сомнително возило на паркингот.
Од полицијата е направена проверка на возилото, но не е најдено ништо сомнително, потврдуваат за МИА.
Возилото, како што велат од МВР, е земено на понатамошна проверка.
Вчера, Амбасадата на САД во Скопје објави на социјалните мрежи дека телефонските линии им се во прекин.
„Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го Оперативниот центaр на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“ - пишуваат од Амбасадата на САД во објавата на Твитер.
Возилото и прекинот на линиите предизвикаа паника.
