Сенди носи нов колапс на пазарот на недвижнини во САД
Возобновувањето на пазарот на недвижнини во САД, кој почна на почетокот на годинава, се соочува со уште една пречка поради поплавите и штетите од ураганот Сенди.
Според пресметките на компанијата Core Logic, на ризик од штета се изложени станови и куќи во седум држави во Америка кои вредат вкупно 88 милијарди долари.
Во Њујорк проценетата штета е 35,1 милијарди долари, следен е Њу Џерси - 22,6 милијарди долари, Вирџинија - 11,3 милијарди долари, Масачусетс - 7,8 милијарди долари, и Мериленд, Делавер и Пенсилванија - вкупно за 11 милијарди долари.
Бурата може да влијае и на бизнисот со имотните хипотеки, па затоа Wall Street ја замрзна продажбата на вакви обврзници во вредност од околу 3 милијарди долари, вклучувајќи кредити за трговски центри, хотели и канцелариски згради.
На долг рок, Сенди може да ја влоши ситуацијата и со имотите под забрана, чии сопственици немаат доволно ресурси да ги одржуваат, а компаниите кои дале заем за имотите, немаат законска обврска да го прават тоа. Во исто време затворени се и многу судови кои работат на барањата за забрана на имот, што дополнително ќе го забави процесот.
Слично
